Фудбалерите на Англија се под огромен притисок во пресрет на натпреварот против Швајцарија во четвртфиналето на Европското првенство.
Селекторот Герет Саутгејт ќе го води националниот тим на јубилејниот стоти натпревар, а неуспех може да биде кобен за него. Токму на таа тема зборуваше капитенот Хари Кејн кој најави голема борба за полуфинале.
„Знам дека селекторот некогаш е критикуван и минува најтешко од сите. Сепак, ние сме на теренот, а не тој. Од нас зависи дали ќе се направиме разлика во виталните моменти. Саутгејт ни даде навистина многу, тој е еден од најуспешните селектори во историјата на Англија. Мора да излеземе на терен и да му се оддолжиме. Неверојатно достигнување се стоте натпревари на клупата. Знам дека сè што сака е победа, па ќе се обидеме да му ја исполниме желбата“, изјави Кејн.
Јавноста во Англија со сериозни и основани критики го напаѓа Саутгејт, па неговите фудбалери треба да покажат повеќе на теренот.