Кепа ќе продолжи да брани во Премиерлигата, но оди во друг клуб!

by riste
1 минути читање

Голманот на Челси, Кепа Аризабалага ќе биде пратен на нова позајмица, овојпат ќе остане во Англија, ќе брани за Борнмут.

Наскоро Кепа Аризабалага ќе потпише позајмица со Борнмут до крајот на сезоната, а претходно ќе го продолжи договорот со Челси до јуни 2026 година.

Кепа минатата сезона ја помина на позајмица во Реал Мадрид, каде и покрај повредата на Куртоа не бранеше бидејќи Лунин се истакна.

Овојпат се очекува Кепа да биде прв голман на Борнмут.

Овој клуб претходно се надеваше дека ќе го добие Мамрдашвили на позајмица откако тој ќе потпише за Ливерпул, но грузискиот голман преферираше да остане во Валенсија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани