Кевин Стротман ја заврши фудбалската кариера

by 24 фудбал
1 минути читање

Поранешниот холандски репрезентативец Кевин Стротман реши дека е време да се повлече од фудбалот.

34-годишниот играч за врска минатата сезона ја мина во редовите на Џенова, каде што ја имаше својата трета епизода. Претходно во кариерата настапуваше за Марсеј, Каљари, Рома, ПСВ.

Своевремено тој беше доста баран и квалитетен, во 2013 година за 17,5 милиони евра се пресели од ПСВ во Рома, а пет години подоцна за 25 милиони го засили Марсеј.

За репрезентацијата на Холандија, Стротман одигра 46 натпревари и постигна три погодоци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани