249
Грузија синоќа направи историски успех откако со 2-0 ја совлада Португалија и се пласираше во осминафиналето од Европското првенство, нивната главна ѕвезда, Квича Кварацхелија беше прогласен за играч на натпреварот.
По мечот, Кварацхелија го разменил дресот со Кристијано Роналдо, а тоа му значело многу, па се пофали на социјалните мрежи.
Кварацхелија објави фотографија од дресот на Роналдо и наградата за играч на натпреварот и напиша: Соништа.