Каљари го победи Сасуоло и обезбеди опстанок во Серија А!

by riste
1 минути читање

Голема победа за Каљари на гостувањето кај Сасуоло од 2-0, тимот на Клаудио Раниери на коло пред крајот избори опстанок во Серија А.

Сасуоло и Каљари водеа голема битка за опстанок, на крајот гостите дојдоа до триумф кој ги спаси, а домаќините најверојатно ќе испаднат во Серија А, сепак тоа уште не е теоретски.

На Мапеи стадионот дојдоа 4.000 фанови на Каљари кои ги бодреа своите фудбалери и на крајот се радуваа на големиот успех.

Резултатот го отвори Прати во 71. минута од натпреварот, а конечните 2-0 за Каљари ги постави Лападула од пенал во судиското продолжение.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани