Касемиро одигра лошо, доби жестоки критики – па се јави сопругата да го брани! (ФОТО)

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Манчестер Јунајтед доживеа вистински дебакл во дербито против Ливерпул во кое беше поразена со 0:3.

Еден од најкритикуваните во составот на Ерик Тен Хаг по оваа средба беше Бразилецот Касемиро. Голем број фанови на „црвените ѓаволи“ беа бесни на неговото издание, а одговорот од спротивната страна стигна од сопругата на фудбалерот.

Имено, сопругата на Касемиро, Ана Маријана на социјалните мржеи објави фотографија од трофеите кои ги освои Касемиро низ кариерата, сакајќи на фановите да им го покаже успехот на својот партнер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани