Касемиро одговори на критиките: Бев најдобар, а сега сум безвреден?

by 24 фудбал
1 минути читање

Манчестер Јунајтед заврши уште една турбулентна сезона во Премиер лигата, а шанса за „спас“ има во финалето на ФА Купот против градскиот ривал Манчестер Сити.

Еден од најкритикуваните фудбалери во тимот беше бразилскиот играч за врска, Касемиро. Тој е само бледа сенка од фудбалерот кој беше во Реал Мадрид и „царуваше“ со средината од теренот, бидејќи во Англија не покажува премногу. Поради тоа е многу критикуван, а Касемиро реши да проговори на оваа тема.

„Критиките се дел од фудбалот, а јас сум секогаш многу смирен. Кога станува збор за конструктивна критика, секогаш е добредојдена. Особено во фудбалот и кога играш на врвно ниво десет години, па малку ќе го спуштите нивото, секогаш има реакции. Ме сметаа за едно од најдобрите засилувања во Премиер лигата минатата сезона, а сега сум безвреден? Оваа осуда е без почит. Кога не ве почитуваат, тоа е загрижувачки. Од моментот кога почувствував омаловажување, тоа не е во ред. Губам почит кон луѓето“, изјави Касемиро.

Последната шанса за трофеј Јунајтед ќе ја има на „Вембли“ на 25 мај против Сити во ФА Купот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани