183
УЕФА од казните кои ги делеше на репрезентациите за време на групната фаза од Европското првенство инкасираше 1,3 милиони евра.
За половина од оваа сума заслужни се балканските навивачи. Најмногу казни собраа Хрватите кои ќе треба да платат сума од 220,875 евра, втори се Албанците со 171,375 евра, па Србите со 166,625 евра.
Четири држави имаа примерни навивачи, тоа се Франција, Словачка, Шпанија и Германија. За разлика од првите три на овој список, Германците сепак имаат казна, но таа не е поради однесувањето на навивачите, туку поради организациски пропусти како земја домаќин на шампионатот.