Карвахал: Никој ништо не нè прашува, размислуваме и за штрајк!

by 24 фудбал
1 минути читање

Легендарниот бек на Реал Мадрид и Шпанија, искусниот Дани Карвахал зборуваше за популарната тема меѓу фудбалерите околу зголемениот број на натпревари во сезоната.

Секоја година делува дека има сè повеќе и повеќе натпревари, што е добро за гледачите, одлично од финансиски аспект за организаторите, но удира најмногу на фудбалерите. Тие сè почесто се жалат на оваа тема, а сега Шпанецот откри дека постои и можност за штрајк.

Стапување во штрајк поради премногу натпревари во текот на сезоната е опција. Тоа е можност која ние играчите ја разгледуваме и размислуваме. Никој ништо не нè прашува нас, поради тоа мораме да го кренеме гласот“, изјави Карвахал.

Минатата сезона Реал Мадрид одигра 55 натпревари, од кои Карвахал беше дел на голем дел од нив. Покрај тоа, тој играше и на Европското првенство и стигна до финалето со Шпанија.

Исто ќе биде и сезонава, бидејќи по крајот на сезоната ќе се игра Светското клупско првенство во формат на Мундијал за репрезентации.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани