Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш можеби ќе го напушти тимот бидејќи размислува за промена на својата фудбалска средина. Португалецот веќе извесно време се поврзува со можно заминување, а сега се појави вест која предизвика големо внимание.
Според информациите, „црвените ѓаволи” размислуваат за трампа со Барселона. Бруно би заминал кон Каталонија, додека во спротивна насока би дошол Френки Де Јонг. Иако Јунајтед веќе неколку години е заинтересиран за Холанѓанецот, Барселона до сега не била отворена за таков трансфер.
Манчестер Јунајтед е спремен да го понуди Фернандеш, плус доплата од 20 милиони евра за услугите на Де Јонг. Главниот мотив зад оваа доплата веројатно е возраста на играчите, бидејќи Бруно е три години повозрасен од Холанѓанецот. Ерик Тен Хаг е „заговорник“ за потенцијалниот трансфер откако веќе соработуваше со Де Јонг во Ајакс.