163
Францускиот фудбалер, Н’Голо Канте би можел да се врати во Премиер лигата.
Канте го носи дресот на Ал Итихад, но сега наводно изразил желба да се врати во европскиот фудбал и тоа повторно во Англија каде што го носеше дресот на Челзи.
Наводно, веќе има и клуб кој е спремен да го доведе. Според информациите, Вест Хем би платил околу 23 милиони евра колку што се очекува да биде оштетата.
Прва опција на „Чеканите“ вил Алеиш Гарсија кој од Жирона се пресели во Леверкузен, па затоа сега се одлучиле за Французинот кој прикажа и добри настапи на Европското првенство во дресот на Франција.