Камавинга се повреди на тренинг пред мечот со Аталанта, соиграчите се држеа за глава! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Проблем за Реал Мадрид, Камавинга поради повреда предвреме го заврши денешниот последен тренинг пред утрешниот Суперкуп дуел со Аталанта.

Камавинга лошо се лизна, па доби удар од Чуамени, по што во болка падна на теренот држејќи се за коленото. Неговите соиграчи се држеа за глава. Ситуацијата изгледаше ужасно.

Но, ако се суди според начинот на кој го напушти тренингот, можеби и не се работи за сериозна повреда. Ќе се знае повеќе по деталните тестови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани