Англискиот премиерлигаш Арсенал во своите редови го доведоа Рикардо Калафиори од редовите на Болоња. За услугите на стоперот од Италија тие платија 42 милиони евра, а вчера беше и официјално промовиран.
По потписот и комплетирањето на трансферот, италијанскиот дефазивец реши да откри интересен момент. Неговиот соиграч од репрезентацијата Жоржињо имал само пофални зборови за Арсенал и влијаел на одлуката.
„Веќе имав одлучено дека сакам да се преселам во Арсенал, но и Жоржињо влијаеше на тоа да стекнам подобар впечаток за клубот и да го реализирам трансферот. Ми кажуваше дека ќе уживам, дека соиграчите, челниците и тренерите се исклучителни личности“, откри Калафиори.
Калафиори зад себе има перфектна сезона со Болоња, а беше и дел од репрезентацијата на Италија на Европското првенство. Сега пред него е најголемиот предизвик во кариерата и настапите во Премиер лигата.