Како дете го носел дресот на Адеми и се сликал со него, сега заедно држат пехар! (ФОТО)

by riste
1 минути читање

Еден од хероите на Динамо Загрев во финалето од хрватскиот куп е 20-годишниот Петар Сучиќ кој го постигна првиот гол во победата од 3-1 над Ријека.

Сучиќ оваа сезона стана еден од најголемите откритија на Динамо Загреб, а клубот на социјалните мрежи му посвети специјален пост.

Сучиќ како дете бил голем фан на нашиот Аријан Адеми, носел негов дрес и се сликал со него, а сега двајцата заедно држат пехар.

„Животот пишува романи… Како мало дете го сонуваше овој свет дрес, а денеска со својата работа и дисциплина ги живееш своите соништа! Подобар ментор и пример не можеше да избереш. Сегашност на Динамо и иднина на Хрватска“, напиша Динамо Загреб и ги сподели фотографиите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани