УЕФА во 2009 година го воведе финансискиот фер-плеј за да ги спречи клубовите во неконтролираното трошење, односно да трошат во склад со своите можности.
Меѓутоа изгледа дека во Барселона не се придржуваат баш до тие правила, а последната информација која се појави во медиумите зборува за „дупките“ кои постојат во финансискиот фер-плеј.
Имено, додека Барселона во последните години доведува фудбалери и потроши над 100 милиони евра се уште должи пари на бројни европски клубови.
Така Лидс уште од 2022 година ја чека првата рата од оштетата за Рафиња во износ од 42.5 милиони евра. Манчестер Сити чека да им се исплатат 26 милиони евра за Феран Торес, потоа Севиља 24.5 милиони евра за Кунде, како и Баерн 21 милион евра за Левандовски.
Според најавите ако клубовите наскоро не почнат да си ги добиваат парите се може да заврши и на суд.