Екипата на Њукасл го претстави српскиот дефанзивец Миодраг Пиваш како ново засилување.
Пиваш во Њукасл пристигнува од Единство од Уб и освен во одбраната може да игра и како последен играч за врска.
Во прашање е фудбалер роден во Нови Сад, но кариерата ја започна во Австрија. Пред Уб играше за Гредиг, а запиша и настапи во репрезентацијата на Србија до 17 години.
Самиот фудбалер изрази задоволство од потписот.
„Неверојатно е да се придружиш на така голем клуб како Њукасл, со нетрпение чекам да започнам. Ми беше претставен проект кој изгледа одлично и тоа е една од главните причини за мојот избор. Сакам брзо да ги оправадам очекувањата и да дојдам до првиот тим на Њукасл. Со нетрпение чекам за почнам“, изјави Пиваш на претставувањето.
Ова е втор трансфер на српски дефанзивец во Премиер лигата откако претходно од Фиорентина во Нотингем пристигна Никола Миленковиќ.