Фудбалерите на Шкупи гостуваат кај Вардар во една од дерби пресметките на 14 коло во ПМФЛ.
Пред гостувањето на „Градски“ за клупскиот веб-сајт зборуваше Флориан Кадриу. Офанзивецот најави дека натпреварите со Вардар секогаш се мотив плус.
„Натпреварите со Вардар се секогаш големи дербија. Самиот противник ни е мотив плус да го дадеме максимумот. Не е важно кој каде се наоѓа на табелата, ова е вистинско дерби. Секогаш постои голем интерес во јавноста, а на теренот има голема желба за надигрување и за победа.
Навивачите бараат само победи од нас, а ние ќе дадеме сè од себе за да им ја исполниме желбата и се надевам дека на крајот заедно ќе славиме. Секој натпревар носи притисок, но кога играте против Вардар тој притисок е уште поголем. Добро се спремаме во последните денови, го анализиравме противникот, знаеме сè за нив. Ќе влеземе во мечот како вистински борци, за да стигнеме до максимумот на ова дерби“, изјави Кадриу.
Скопското дерби ќе се одигра во терминот од 13:00. Вардар го дочекува од последното место, додека Шкупи е на средината од табелата.