Претседателот на ПСЖ, кој е и претседател на Европската клупска асоцијација (ЕКА), Насер Ал Келаифи, потврди дека Јувентус се вратил во заедницата, во Суперлигата останаа само Реал Мадрид и Барселона.
Во пресрет на финалето од Лигата на шампионите Лондон беше домаќин на извршниот комитет на Европската клупска асоцијација, по завршувањето на состанокот, Насер Ал Келаифи ја соопшти веста.
„Го пречекавме Јувентус со цвеќиња. Тоа е голем клуб, со голема историја. Горди сме што се вратија тие во нашата асоцијација“, рече Ал Келаифи.
„Останаа уште Барселона и Реал Мадрид, ги чекаме со отворени раце, сакаме да се тука со нас. Суперлигата… не можат два тима да одиграат 20 натпревари меѓусебе. Имам голема почит за двата клуба, за нивните фанови, кои се одлични, но нема смисла да бидат на страна“.
„Реал Мадрид има голема историја со Лигата на шампионите, тие постојано сакаат да ја освојуваат. Но, со нивниот став како да сакаат да ја уништат. Нема логика. Или ја сакате или ја мразите? Ако ја сакате треба да бидете дел од неа. Лигата на шампионите е многу значајна за нас, а мислам дека и за нив. Би бил среќен да дискутираме заедно со нив и да го анализираме новиот формат“.
„Се разбира дека полесно би било Барса да ја убедиме да се врати отколку Реал. На Барса и требаме повеќе од било што поради нивната ситуација. Лапорта е добар човек и мислам дека Барса би имала корист ако се врати“.