Италија разочара, Спалети не штедеше критики: Немаме многу време!

by Стефан
1 минути читање

Репрезентацијата на Италија разочара во последниот натпревар пред Европското првенство во кој како домаќин славеше над Емполи со 1:0. Единствениот гол на натпреварот го постигна фудбалерот на Интер, Давиде Фратези.

Тој гол беше и се од Италијаните на натпреварите кои одиграа навистина лошо и Босна до крајот имаше одлични прилики да го изедначи резултатот.

„Натпреварот беше добар, иако на моменти не покажувавме вистинска енергија. Имавме многу сигурни додавања, но не бевме добри во завршницата. Моравме подобро да ги реализираме шансите и да постигнеме повеќе голови. Се беше раздвоено, можебие требаше да извршиме повеќе притисок на противникот. Место тоа ние им ја препуштивме топката и не правевме пресинг на фудбалерите за врска“, изјави Спалети.

Порача Спалети и дека тимот мора под итно да влезе во атмосфера за официјални натпревари бидејќи Европското првенство започнува за четири дена.

„Направивме што моравме. Убедени сме дека имаме добар тим и сега треба да влеземе во вистинската атмосфера. Во последните два пријателски натпревари имавме две различлни екипи бидејќи сакавме да пробаме се. Имаше некои дупки кои мораме да ги пополниме, немаме многу време“, заклучи Спалети.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани