Италијанскиот третолигаш Латина Калчо го промовира новиот дрес за следната натпреварувачка сезона 2024/25.
Овој италијански тим ја прекина соработката со „Најк“ и сега првпат промовира дресови од компанијата „Езета“, а двете страни направија вистински „бум“. Новиот дрес на Латина е најуникатниот што ќе го видите за следната сезона.
Инспирација дизајнерот црпел од славната старогрчка поема „Одисеја“ за која се смета дека автор бил славниот Хомер. Дресовите имаат детали инспирани од старогрчко време, а и самата промоција е со меч и човек во стил на воин.