154
Ал Шабаб од Саудиска Арабија промовира ново име за следната сезона, а тоа е искусниот репрезентативец на Италија – Џакомо Бонавентура.
Ветаранот кој минатата сезона настапуваше за Фиорентина по истекот на договорот остана без клуб. Тоа решија да го искористат Саудијците кои го потврдија доаѓањето на Бонавентура со интересно видео.
Во редовите на Ал Шабаб доаѓањето на Бонавентура се гледа како замена за Иван Ракитиќ кој бргу замина од клубот.
Инаку, во својата кариера Џакомо Бонавентура има богато портфолио, бидејќи настапуваше за Комо, Џенова, Лацио, Торино Милан и Фиорентина, а беше и репрезентативец на Италија.