Федерико Киеза не е во плановите на новиот тренер на Јувентус, Тиаго Мота, а според најавите се бара решение за ситуацијата кое ќе им се допадне на сите засегнати страни.
Агентите на Киеза на чело со Фали Рамадани веќе бараат алтернативи за продолжението на неговата кариера. Поради бројните повреди цената на Киеза е падната, а се споменуваше дека Јувентус би го пуштил за 25 милиони евра.
Рамадани отпатува во Англија, каде што има интерес за фудбалерот од неколку клубови. Најзаинтересирани се од Лондон, каде што агентот на Киеза треба да се сретне со претставници на Челси и Тотенхем. Останува да се види дали овие состаноци ќе вродат со плод, меѓутоа делува речиси сигурно дека деновите на Киеза во Јувентус се одброени.
Минатата сезона и покрај многуте проблеми Киеза запиша 37 настапи, постигна десет гола и подели три асистенции.