Вчерашната победа над Аталанта во Бергамо, беше последниот меч за Винченцо Италијано на клупата на Фиорентина. Тој со многу емоции ги напушта виолетовите.
„Не освоивме трофеј, но патувањето беше одлично. Никогаш не е лесно. Ќал ми е за момците и за сите навивачи кои заслужија радост. Ова беа три позитивни години, не само за она што го направивме на теренот, туку и за средината што ја создадовме. Денеска сите плачевме и се прегрнавме“, вели Италијано.
„Ме лазат морници, заминувањето не е лесно, но тоа е фудбал. Мора да продолжиме понатаму, врската која ја создадовме ќе остане засекогаш“.
„Дадов сѐ од себе и време е да свртам нова страница, да почнам повторно и да оставам простор за нови идеи кои ќе му пмогнат на тимот дополнително да се подобри и да ги задоволи овие навивачи. Тоа е она што им го кажав на сите во петокот кога ја донесовме оваа одлука“.