Историската група „Е“ е најслабата на Европското првенство

by Стефан
1 минути читање

Репрезентацијата на Романија беше елиминирана од Европското првенство.

Романците во денешниот натпревар од 18:00 часот беа убедливо поразени од Холандија со 3:0 и така беа елиминирани од турнирот, а во групата „Е“ претходно ја освоија првата позиција.

Тие беа и последниот член од оваа група кој остана без пласман меѓу осумте најдобри, па така групата „Е“ и официјално се покажа како најслаба.

Претходно во осминафиналето испаднаа второпласирана Белгија од Франција и третопласираната Словачка која беше елиминирана од Англија.

Интересно е што во групата „Е“ сите екипи вклучувајќи ја и Украина која беше последна имаа по четири бода и тоа беше првпат во историјата на едно ЕП сите селекции да имаат по ист број на бодови.
Oстанатите групи останаа со по барем еден претставник помеѓу осумте најдобри.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани