186
Брера Струмица активно работи на комплетирање на ростерот за следната сезона во Првата македонска фудбалска лига.
По неколкуте нови имиња и заминувања, клубот го продолжи договорот со искусниот Драган Стојков. Фудбалерот за врска кој во јануари годинава се пресели во Брера ќе игра за струмичани и во следната сезона. Минатата кампања Стојков запиша 12 настапи за струмичкиот прволигаш.
Во кариерата Драган Стојков играше за доста клубови во повеќе земји. Во мак-фудбалот беше дел од Македонија Ѓорче Петров, Тиквеш, Работнички и Беласица.