388
Фудбалерите на Интер го одиграа последниот домашен натпревар во Серија А, а во него избегнаа пораз од Лацио (1-1).
Пред полните трибини на „Џузепе Меаца“ предност за Лацио донесе Даичи Камада во 32. минута, а претходно имаше поништен гол на Кастељанос. Овој резултат беше активен до пред самиот крај на средбата, кога Дензел Дамфрис стрела за израмнување и конечно реми.
Бидејќи ова беше последен меч пред својата публика, Интер ја организира церемонијата за доделување на шампионскиот пехар. „Нераѕурите“ ќе ја впишат својата втора ѕвездичка, а дваесеттото скудето го прославија пред полните трибини.