Интер имал договор за ангажман на Рафаел Леао, но…

by bojan
1 минути читање
Рафаел Леао

Директорот на Интер, Пјеро Аусилио откри дека имал договор со Рафаел Леао за преселба во „црно-сината“ половина на Милано, но одби да образложи зошто зделката не се реализирала.

Рафаел Леао се пресели во Милан во 2019 година во зделка вредна околу 30 милиони евра, но лесно можело да се случи Португалецот да го облече дресот на лутиот градски ривал Интер.

„Леао беше многу блиску до Интер. Се сретнав со него во Лондон и си подадовме рака. Имавме договор, но… не можам да ви откријам поради кои причини не се реализираше зделката“ – вели директорот Пјеро Аусилио.

Рафаел Леао во Милан се промовираше во еден од најдобрите крилни фудбалери, и за добрите партии беше награден со богат договор, стана најплатениот играч на Сан Сиро со примања од 7,5 милиони евра по сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани