7
Италијанскиот првак Интер ги доби признанијата за најдобрите во италијанскиот фудбал за 2023/24.
„Нераѕурите“ доминитаат во изборот, сосема очекувано откако доминанто го освоија Скудетото. Така, за тим на годината е одбран Интер, тренер на годината е Симоне Инзаги, најдобар играч Лаутаро Мартинез, а голот на годината е на Маркус Турам.
За најдобар млад играч од Серија Б е одбран Франческо Еспозито, а Даниеле Орсато е најдобар судија.
Најдобар тим на сезоната: Јан Зомер; Раул Беланова, Алесандро Бастони, Рикардо Калафиори, Федерико Димарко; Николо Барела, Хакан Чалханоглу, Теун Копмајнерс; Џошуа Зиркзе, Лаутаро Мартинез, Маркус Турам.