Полскиот фудбалер Пјотр Зјелински е нов член на Интер, потврди шампонот на Италија.
Клубот од Милано објави дека Зјелински пристигнува како слободен играч по истекот на договорот со Наполи. Договорот кој го потпиша Зјелински е со важност до 2028 година.
Целата професионална кариера Зјелински ја изгради во Италија каде што на големата сцена се појави како фудбалер на Удинезе каде што помина две сезони.
По добрите настапи, Наполи го доведе во 2016 година за сума од 16 милион иевра и на југот на Италија се задржа цели осум години и успеа да го освои Скудетото и Купот на Италија.
Наскоро се очекува Интер да го претстави и Мехди Тареми кој исто така ќе пристигне од Порто како слободен играч. Најавено е и доаѓање на голманот на Џенова Хозе Мартинез за кого „нероаѕурите“ ќе платат 13 милиони евра.