Интер го испрати аргентинскиот талент на уште една позајмица

by Стефан
1 минути читање

Интер одлучи да го испрати Аргентнецот, Валентин Карбони на нова позајмица.

Карбони е фудбалер кој има 19 години и игра во средниот ред. Минатата сезона ја помина на позајмица во Монва каде што на 32 натпревари постигна два гола подели три асистенции, а во новата ќе го носи дресот на Марсеј.

Интер со него неодамна потпиша нов договор со што покажа дека ќе смета на него и во иднина.

Марсеј има можност да го откупи за 35 милиони евра, меѓутоа Интер го задржа правото да го откупи назад во иднина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани