Интер во драма остана без победа во 96. минута – Зомер одбрани пенал, но и тоа не помогна! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Интер не успеа со победа да ја стартува сезоната во која ќе ја брани титулата. Џенова на свој терен одигра 2:2 против „нероаѕурите“.

Домаќините беа тие кои први стигнаа до водство во 20. минута со голот на Волијачо, додека Турам само десет минути подоцна го изедначи резултатот. На одморот се замина со по еден гол на двете страни.

Најголемите возбудувања во вториот дел ги гледавме во завршницата. Прво Интер со вториот гол на Турам дојде до ново водство, а потоа во 96. минута Месијас погоди за конечни 2:2. Зомер го одбрани ударот од 11 метри, но одбиената топка фудбалерот на Џенова ја смести во мрежата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани