528
Инсајдер за информации во Реал Мадрид, Рамон Алварез де Мон, изнесе вести кои ги разочараа навивачите на овој клуб.
Според него, Лука Модриќ дефинитивно си заминува од клубот, иако во последниот период имаше индиции дека ќе добие нов договор. Хрватскиот виртуоз е во втор план сезонава, меѓутоа тој не се жали и напорно тренира и работи да му помогне на тимот. Реал веќе го обезбеди трофејот во Ла Лига, а ќе игра и финале во Лигата на шампионите против Борусија Дортмунд.
Иако сите очекуваа Модриќ по крајот на сезоната да парафира на уште 12 месеци со „кралевите“, инсајдерот од Мадрид смета поинаку. Според него Хрватот дефинитивно заминува и ги игра последните пет натпревари во дресот на „бланкоси“.