Интер и Јувентус одиграа фантастично дерби во Милано кое на крајот заврши без победник 4:4, а по средбата незадоволство истакна стратегот на Интер, Симоне Инзаги.
„Нероаѕурите“ при резултат 4:2 пропуштија одлични прилики да го решат натпреварот, а потоа беа казнети со два гола на Јилдиз.
„Крајниот резултат за мене е разочарувачки затоа што можевме да постигнеме осум гола против Јувентус. Правевме грешки во клучни моменти. При водство од два гола не смеете да си дозволите да промашувате такви прилики без разлика против кого играте.
Знам дека фудбалските фанови ширум светот имаа приилика да уживаат во фантастичен натпревар, но нашите навивачи сигурно се разочарани поради пропуштените прилики“, изјави Инзаги.
На табелата Интер има 18 бода, четири помалку од лидерот Наполи и еден повеќе од Јувентус кој е на третата позиција.