Има 16 години, игра во Грузија и вреди 300.000 евра, но за него битка ќе водат Реал Мадрид и Барселона

by Стефан
1 минути читање

Реал Мадрид и Барселона наскоро би можеле да се најдат во борба за потписот на ист фудбалер, пренесува шпански „АС“.

Станува збор за грузискиот тинејџер, Саба Карабашвили кој има 16 години и го носи дресот на Динамо Тбилиси. Кабашвили уште во минатата сезона како 15-годишник добиваше сериозна минутажа во грузиското првенство.

Фактот што толку рано созреа и уште како 15-годишник играше за својот клуб и дека физички се истакнува со 184 сантиметри, но исто така е и одлично технички поткован го прават Кабашвили еден од најголемите таленти на својата земја.

Иако примарно е лев бек, младиот фудбалер во минатата сезона го пополнуваше и местото како дефанзивев играч за врска. Во два натпревари играше и како лево крило настапувајќи за младинскиот тим на Динамо до 19 години.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани