Има само еден незадоволен во соблекувалната на Реал Мадрид, бил повреден од одлука на Анчелоти!

by riste
1 минути читање

Во Реал Мадрид владее речиси идеална атмосфера, сите се задоволни и среќни со исклучок на еден од хероите оваа сезона, украинскиот голман Андриј Лунин.

Лунин оваа сезона бранеше на 31 натпревар за Реал Мадрид, прими 32 гола, 12 пати ја сочува мрежата. Особено забележителни беа неговите партии во Лигата на шампионите во која настапи осум пати.

Во самиот финиш од сезоната се врати Тибо Куртоа и си го врати местото на прв голман во тимот.

Лунин беше болен пред финалето, па Анчелоти пресече дека мечот ќе го брани Куртоа кој одлично си ја заврши работата.

Сепак, Украинецот бил здрав на денот на натпреварот, но остана на клупата за резерви како што одлучи тренерот.

Според „Релево“, Лунин бил незадоволен и повреден од одлуката на Анчелоти да брани Куртоа, а не тој. Украинецот смета дека со одбраните во текот на сезоната, особено во Лигата на шампионите го заслужил местото на стартер против Борусија Дортмунд.

Нејасна е иднината на Лунин во Реал Мадрид, за него има интерес од повеќе клубот, па можно е да замине ова лето иако Анчелоти сака да го задржи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани