Има работи кои се поважни од фудбалот: Спалети покажа човечка големина пред клучниот натпревар (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Oд 21:00 часот Италија денеска ќе се соочи со Хрватска во натпревар кој е одлучувачки за пласманот во осминафиналето.

Целиот фокус и кај луѓето во двете селекции е на натпреварот, но Лучијано Спалети сега покажа и човечка големина покажувајќи дека некои работи едноставно се поголеми од спортот.

Селекторот на Италија сега одвои време за новинарот Марко Носоти кој по 28 години брак неодамна остана без сопругата. Сопругата на Носоти долго време се борела со тешка болест и на крајот ја загубила битката.

Спалети со овој гест со кој му даде поддршка на новинарот ги собра и симпатиите од јавноста.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани