„Има повеќе пари од нашиот БДП и плаче по ремито… Модриќ е хрватскиот идентитет“

by 24 фудбал
1 минути читање

Репрезентацијата на Хрватска е пред елиминација од Европското првенство во Германија, откако два натпревари по ред испушташе победи во судиското надополнување. На вчерашниот меч против Италијанците тоа се случи во 98 минута од натпреварот по единственото невнимание.

По крајот на натпреварот еден од најнеутешните на теренот беше капитенот Лука Модриќ. Легендата на Хрватите беше „скршен“, а тоа му се допадна на поранешниот фудбалер Јошко Јеличиќ кој беше гостин на националниот сервис (ХРТ).

„Лука Модриќ има 39 години, 178 настапи за репрезентацијата и освоени трофеи повеќе од било кој друг играч… Тој има повеќе пари од хрватскиот бруто домашен производ, и тој плаче по натпреварот… Таква емоција е потребна, тоа е хрватскиот идентитет кој мора да го имаат сите. Нека однесувањето на Модриќ биде патоказ за тоа како треба да се живее за Хрватска. Ова е перфонификација на хрватскиот идентитет“, изјави Јеличиќ.

Постојат минимални шанси за Хрватите да останат на турнирот, меѓутоа треба да се поклопат доста резултати.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани