Матс Хумелс ова лето беше „барана роба“ бидејќи беше слободен агент по заминувањето од Борусија Дортмунд.
Иако е во ветерански години Хумелс може да понуди доста искуство на тимовите, а летово реши да ја одбере Рома. Сепак, тоа засега се покажува како грешка. На почетокот на кампањата под водство на Даниеле Де Роси тој работеше на својата физичка подготвеност, а откако веројатно достигна оптимално ниво сега проблем е минутажата.
Иван Јуриќ не му дава доволно простор на Хумелс за игра и докажување во тимот. Хрватскиот тренер дури и зборуваше на таа тема.
„По мене тие двајца играчи се борат за исто место во тимот. Во овој момент одбраната добро ни се држи. Не се грижам. Ндика игра добро и е пред Хумелс, но тој е голем професионалец и ќе добие своја шанса“, изјави Јуриќ.
Самиот Хумелс неодамна имаше и реакции за својата минутажа, па останува да видиме како ќе се одвива ситуацијата.