Илиев: Хрватска е многу квалитетна, на нас е да дадеме максимум и да се надеваме

by 24 фудбал
1 минути читање

Репрезентацијата на Македонија ги започна кратките подготовки пред двата пријателски натпревари во јуни. Селекторот Благоја Милевски ги собра фудбалерите и дели совети за пресметките со Хрватска и Чешка.

По собирот, своите очекувања ги изнесе резервниот голман на Македонија, Дејан Илиев.

„Оптимисти сме, иако се работи за сосема други репрезентации во однос на последните против кои игравме. Хрватска е многу квалитетна, се подготвува за настап на Европско првенство, но наша обврска е да дадеме свој максимум и најдоброто од себе, верувајќи во добар резултат. Треба да бидеме претпазливи, грешките на овие натпревари можат многу да не чинат“, изјави Илиев.

Првиот натпревар Македонија ќе го одигра во Ријека против Хрватите на трети јуни, додека вториот се игра во Храдец Кралове против Чешка на десетти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани