Според информациите на турските медиуми, Бешикташ е во завршни преговори со Ал Наср за трансфер на Садио Мане.
Како што наведува „беИН Спортс“ и уште неколку турски медиуми, поголемиот дел од зделката е договорен, а Мане изразил желба да се пресели во црно-белиот дрес.
Иако, Мане игра редовно во Ал Наср, ниту јавноста, ниту навивачите не се задоволни од настапите. На 50 одиграни натпревари за Ал Наср постигна 19 голови и запиша 11 асистенции. Овој искусен офанзивец во Саудиска Арабија пристигна минатото лето од Баерн Минхен за 30 милиони евра.
Наводно тој е спремен да игра за Бешикташ и за помала плата отколку во Ал Наср. Засега не е познато колкава оштета би платил Бешикташ, но тоа ќе биде многу помалку од она што саудијците го платија на Баерн.