Во шпанските медиуми денеска се појави изненадувачка вест дека Хрватот, Иван Ракитиќ би можел да се врати во Барселона во една поинаква улога.
Ракитиќ голем дел од својата кариера помина во Барселона и остави сериозна трага. Сега според најавите тој е прв фаворит за нов асистент на Барселона која треба да биде предводена од Ханси Флик.
Наводно Флик покрај луѓето од својот стручен штаб сакал да придодаде и уште една клупска легенда на каталонците, но условот бил тој да зборува германски и шпански за подобра поврзаност со екипата.
Покрај Ракитиќ се споменувале уште имињата на Тијаго Алкантара, Марка Бартра и Хави Мартинез. Сепак, сите тројца се активни фудбалери и не сакаат да стават крај на кариерите во овој момент.
Од друга страна Ракитиќ со 37 години игра во Ал Шабаб од Саудиска Арабија и најавите се дека планира да ја заврши кариерата. Тој одлично ја познава Барселона бидејќи за овој клуб одигрса 333 натпревари и освои 13 трофеи.