Изненадување од Островот: Жена може да биде наследник на Саутгејт?

by Стефан
1 минути читање

Репрезентацијата Англија беше поразена во финалето на Европското првенство од Шпанија, а денеска оставка поднесе селекторот Герет Саутгејт. Уште веднаш се појавија неколку имиња на тренери кои би можеле да го наследат, но се пристигнува и една изненадувачка информација.

Според англиските медиуми во опција е и Сарина Вигман. Станува збор за селекторката на женската репрезентација и ако ваквите најави се остварат, тогаш тоа сигурно би била голема работа за женскиот фудбал.

Вигман на тој начин би станала првата селекторка на една машка репрезентација.

Кога се машките тренери во прашање тука се споменуваат: Јирген Клоп, Маурицио Сари, Еди Хау, Томас Тухел…останува да се види за што ќе се одлучат во Фудбалскиот сојуз на Англија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани