119
Изненадувачки информации доаѓаат од Реал Мадрид, а тие се поврзани со еден од милениците на Карло Анчелоти.
Се работи за Орелие Чуамени, францускиот фудбалер за врска кој е стандарден во првиот тим на „кралевите“. 24-годишникот е доста вреден, според „Трансфермаркт“ е проценет на 100 милиони евра, а тоа може да биде добивка за Реал Мадрид.
Според најавите, челниците на Реал сакаат да му се даде повеќе простор на Едуардо Камавинга, па поради тоа би го продале Чуамени. Со тоа значително би се наполнила касата на клубот, а помладиот француски играч за врска би ја презел улогата на Орелиен Чуамени.
Шпанските медиуми открија дека Реал Мадрид е подготвен да ги сослуша понудите за Чуамени следното лето.