Навивачите на Манчестер Јунајтед не се задоволни од резултати кои ги остварува Ерик Тен Хаг сезонава, а ако нема подобрување наскоро и смената ќе биде неизбежна.
Медиумите на Островот веќе шпекулираат и кој би можел да го наследи, а последното име кое се појави е италијанскиот стратег, Масимилијано Алегро.
Алегри се уште е без ангажман откако го напушти Јувентус на крајот на минатата сезона. Во два мандати Италијанецот на Јувентус му донесе пет Скудета и еден Куп на Италија.
Не е првпат Алегри да се поврзува со клупата на Манчестер Јунајтед, се пишуваше и во минатото за таква опција, но конкретни преговори никогаш не се одржаа.
Кога е Алегри во прашање наводно тој е подготвен за нов почеток и би бил расположен да води клуб како Манчестер Јунајтед.