Кристијано Роналдо е еден од најподготвените фудбалери на физички план во светот. Неговата посветеност е неверојатна, а тоа е така и на 39-годишна возраст додека игра за Португалија на Европското првенство.
Медиумите објавија интересна фотографија на која се гледаат отчукувањата на срцето на Роналдо за време на натпреварот против Словенија во осминафиналето на турнирот. Особено фокусот е на времето по крајот на продолженијата и за време на пеналите.
На крајот на екстра времето пулсот на Роналдо беше 170, а потоа почна драстично да паѓа. Најголемо изненадување или доказ за неговата присебност во клучни моменти е тоа што кога требаше да шутира имаше најнизок пулс. Во тие моменти Роналдо имаше само 100 отчукувања на срцето, откако погоди му скокна на 150, а потоа пак паѓаше сè до моментот кога Португалците го дадоа победоносниот гол и пулсот пак се качи на 170.