135
Извршната директорка на Рома, Лина Сулуку си поднесе оставка која започнува веднаш, причината беше големиот притисок на навивачите по отказот кој го доби Де Роси.
Лина Сулуку кумуваше на отказите на Жозе Мурињо и Даниеле Де Роси, па насобраниот гнев на фановите на Рома кулминираше деновиве со нивната најава за бојкот на мечот против Удинезе.
По отказот на Де Роси, низ медиумите се појави информација дека толку имал неколку кавги со Сулуку пред да добие отказ.
Ваквата информација ја промовираше како непријател број еден на фановите на Рома, по што таа реши да си поднесе оставка.