Барселона новата сезона во Ла Лига ја отвори со победа од 2:1 против Валенсија пред 46.773 гледачи, а по овој натпреварот во центарот на вниманието се најде и Фермин Лопез.
Каталонците успешно ја стартуваа сезоната, меѓутоа Лопез не беше со тимот бидејќи играше со Шпанија на Европското првенство, за потоа да биде дел и од У23 репрезентацијата која го освои Олимпиското злато. Во таква ситуација доби подолг подомро.
Лопез објави фотографија на неговиот Инстаграм профил, меѓутоа настана проблем бидејќи на фотографијата беше очигледно дека го следи натпреварот преку илегален стрим. Пред десетина година во ваква ситуација не би имало проблем, меѓутоа Ла Лига во овој момент води интезивна борба против илегалните преноси кои на клубовите им одземаат милиони евра. Во тој контекс промоцијата на вакви стримови претставува сериозен проблем.
Фотографијата не остана долго бидејќи Лопез ја избриша, сепак беше доволно да се најде во медиумите.