Аталанта во финалето во средата го декласираше Баер Леверкузен со 3:0 и така ја освои Лигата на Европа, а сега е избран и идеалниот тим во ова натпреварување.
Во идеалниот тим на Лигата на Европа на голот беше избран српскиот чувар на мрежата од редовите на Рома Миле Свилар кој беше најзаслужен што Рома дојде до полуфиналето каде што доживеа елиминација од Леверкузен.
Веднаш пред Свилар во одбраната во формацијата 3-5-2 се тројца играчи и тоа: Џемшити (Аталанта), Тах (Леверкузен) и Манчини (Рома).
Во средниот ред доаѓаат тандемите од Аталанта (Ругери – Компјанерс) и Леверкузен (Џака – Фримпонг).
Очекувано во нападот мораше да има место за херојот од финалето Лукман кој постигна хет-трик. Покрај него тука се уште Обамејанг (Марсеј) и Вирц (Леверкузен).