271
Страшна сцена се случи на натпреварот меѓу Шкотска и Унгарија во рамките на третото коло од групата А на Европското првенство.
Течеше 68 минута кога при еден прекин и нафрлување голманот Ган налета на противнички напаѓач. Барнабас Варга доби удар во главата, падна на теренот и потоа загуби свест. Брзата реакција на лекарите и медицинскиот персонал веројатно му го спаси животот.
Играчите на Унгарија и Шкотска го заобиколија и затворија зад барикада, а Варга потоа на носилка беше пренесен во болница.
Последните информации велат дека Унгарецот е во стабилна состојба, тој е буден и комуницира, а испитувањата ќе продолжат во текот на ноќта.