21
Ерик Максим Чупо Мотинг кариерата ќе ја продолжи во редовите на Њујорк Ред Булс.
Летово камерунскиот ветеран остана без клуб, откако му истече договорот со Баерн Минхен. 35-годишникот не успеа набрзина да си најде нова средина и неколку месеци беше без клуб. Сепак, на тоа му дојде крај бидејќи Чупо Мотинг ќе продолжи во МЛС лигата, каде што ги мина медицинските тестови со тимот од Њујорк.
Чупо Мотинг мина четири сезони во Баерн Минхен, претходно две во ПСЖ, а во минатото играше за Нирнберг, Хамбургер, Мајнц, Стоук и Шалке.
Досега ниту еден клуб за Камерунецот не платил обештетување, туку секогаш доаѓал како слободен агент. Исклучок е само Нирнберг кој го позајми на една сезона за 50.000 евра.